Фудбалерите насмеани дојдоа на првиот собир за историските дуели со Белгија и Казахстан (ФОТО)

Македонските репрезентативци денеска му се ставија на располагање на селекторот Благоја Милевски во пресрет на октомвриските историски натпревари против Белгија и Казахстан во квалификациите за Светското првенство (СП).

Црвено-жолтите најпрво ќе гостуваат кај Белгија во Гент на 10 октомври, додека три дена подоцна ќе го пречекаа Казахстан во Скопје, а македонските фудбалери денеска пристигнаа насмеани на првиот собир и делува дека владее добро расположение во репрезентацијата.

Во пресрет на натпреварите, Македонија е прва со 11 бодови, односно има еден повеќе од Белгија и Велс.