Капитенот на Челси отпадна од списокот на Англичаните - има повреда на ногата! (ФОТО)

Англиската фудбалска репрезентација остана без услугите на капитенот на Челси, Рис Џејмс кој мораше да се повлече од селекцијата поради повреда со која се здобил на дербито против Ливерпул.

Челси триумфира со 2-1 против Ливерпул на „Стемфорд бриџ“, а Џејмс одигра борбен натпревар против ѕвездите на Ливерпул и тоа резултира со повреда.

Џејмс објави и фотографија од повредата, која делува сериозно и засега не е познато колку време ќе паузира.

На негово место во репрезентацијата на „Гордиот Албион“ беше повикан Нико О’Рајли од Манчестер сити како замена.

Фото: Chelsea FC