Металург го демолира Диферданж и во реваншот во Автокоманда

Ракометарките на Металург се пласираа во третата рунда од Европскиот куп на ЕХФ, откако денеска триумфираа со 31-24 во реваншот против Диферданж.

Екипата од Автокоманда уште вчера со триумфот од 40-25 го најави пласманот во следната рунда, па денеска без премногу да се мачи против гостинот од Диферданж успеа да запише уште една висока победа.

Металург ќе го дознае противникот во третата рунда на ждрепката која е закажана за вторник.

Фото: Whc Metalurg Avtokomanda