Расел издоминира во Сингапур, Мекларен шампион помеѓу конструкторите!

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел извозе одлична трка и без многу драма дојде до победата оставајќи ги зад себе главните конкуренти за титулата, Ландо Норис и Оскар Пјастри, но и Ферстапен кој беше во мини-серија од две победи во низа.

Актуелниот светски шампион сепак повторно беше на подиумот и тоа на второто место, додек Норис беше трет, а лидерот во шампионатот го освои четвртото место. Со третата и четвртата позиција, Мекларен и дефинитивно ја обезбеди титулата кај конструкторите.

Пјастри и понатаму е прв во генералниот пласман со 336 бодови, пред неговиот колега од Мекларен, Норис кој има 314, Ферстапенн е на 273, а Расел четврти со 237.

До крајот на шампионатот остануваат уште шест трки, наредната се вози на 19 октомври во Остин.

Фото: Formula 1