Серијата на Брегалница запре во Охрид, Скопје се приближува до врвот

По пет победи во низа, екипата на Брегалница од Штип ремизираше на гостувањето во Охрид, играјќи без голови и во опасност е утре да го загуби првото место на табелата од Беласица.

Иако фаворити, со оглед на местоположбата на табелата, штипјани речиси цел меч беа во подредена улога и не создадоа вистинска шанса за гол. Најголемата прилика на натпреварот ја имаше домашниот тим преку Затуроски кој во првото полувреме, по еден центаршут, со глава ја погоди пречката.

На три бода од првата позиција од денеска се наоѓа Скопје кој на домашен терен го прегази Вардар Неготино со 4-1. Ангелов, Рамадани, Цветков и Иса ги постигнаа головите за домашниот тим, додека Лембовски погоди за тимот од Неготино.

За одбележување е и триумфот на Големо Коњари кој го изненади Кожуф и дојде до првите бодови оваа сезона, славејќи со 1-0.

РЕЗУЛТАТИ - 7. КОЛО
Детонит - Победа 3-1
Скопје - Вардар Н. 4-1
Големо Коњари - Кожуф 1-0
Каменица Саса - Тетекс 3-3
Охрид - Брегалница 0-0
Преспа - Новаци 0-3
Слога - Осогово 0-1
УТРЕ
Беласица - Шкендија А. 18:30 ч.
ТАБЕЛА: Брегалница 17 бода, Беласица 16 (-1), Скопје 14, Шкендија А. 14 (-1)...