
Дончиќ повторно мета на критики, го фатија со хамбургер!
Една од главните теми во текот на летото беше физичката форма на Дончиќ кој успеа да направи неверојатна трансформација откако претходно често беше критикуван поради вишокот килограми.
Luka got caught on a late-night In-N-Out run 😂 pic.twitter.com/esABrc7mDC
— HoopsNation (@HoopsNation_) October 2, 2025
Сепак, сега тој доби критики јавноста откако беа објавени негови фотографии со хамбургер од ланецот на брзата храна „In-N-Out Burger“ во Калифорнија.
Фотографиите брзо станаа вирални, а дел од фановите го предупредуваат словенечкиот кошаркар дека би можел да тргне по старите патеки пред самиот почеток на сезонаата.
Инаку, Дончиќ на мерењата пред оваа сезона беше тежок 111 килограми што е за седум повеќе од почетокот на минатата, но Американците тоа го препишуваа на добивањето на мускулна маса.
Фото: LA Lakers/X