Беќири не калкулира - со сите сили на Ваљекас (ФОТО)

За разлика од тренерот на Рајо Ваљекано, Ињиго Перез, шефот на стручниот штаб на Шкендија, Јетон Беќири не планира да калкулира на денешниот меч против најсилниот тим со кој ќе се соочи сезонава во Конференциската лига.

Тетовскиот тим ќе почне со најдоброто што го има во своите редови и со фудбалерите кои имаа најголема заслуга што екипата обезбеди европска есен. Од голманот Гај преку Цаке, Вебстер и Тамба, до капитенот Ибраими, Шкендија излегува на Ваљекас во надеж дека ќе оствари добар резултат.

Натпреварот во мадридското предградие почнува во 18:45, а се игра во рамките на првото коло од Конференциската лига.