Нилсен херој во трилерот за трофејот на Супер Глоуб, Барса се израдува по пет години!

Ракометарите на Барселона по пет години чекање успеаа да стигна до трофеј на Супер Глоуб откако по продолжениија го совладаа Веспрем со 31-30.

Натпреварот донесе неизвесна игра од самиот старт, а двете екипи се менуваа во водсво, а со таква игра регуларниот дел заврши 22-22.

Не се промени многу сликата и во првото полувреме во кое се играше гол за гол. Баселона во второто успеа да дојде до 28-26 и кога многумина мислеа дека тука е моментот кога каталонскиот гигант ќе го реши натпреварот, Веспрем одгвори и дојде до ново израмнување.

На крајот вистински херој за Барселона беше голманот Емил Нилсен кој одбрани зицер во 77. минута, а во самиот финиш спречи и уште еден удар во обид на Веспрем да дојде до пенал. Барселона тоа го искористи и постигна гол за победа.

Нилсен натпреварот го заврши со фантастични  27 одбрани.