
Шкендија беше далеку од чудо во Мадрид, Рајо лесно до три бода (ВИДЕО)
Доминираше Рајо во текот на целиот натпревар и од првата минута констатно се играше пред голот на македонскиот претставник, колку Шкендија беше далеку од некакво изненадување најдобро говори податокот дека тетовци единствениот удар кон голот на домашниот состав го упатија дури во финишот.
Натпреварот беше решен во првото полувреме кога во пет минути домашниот состав постигна два гола, прво Лопез по една лоша реакција на голманот на Шкендија, Гаје ја погоди мрежата во 28-та минута, а Перез четири минути подоцна зголеми на 2-0.
До крајот на првиот дел Рајо имаше и уште некоја прилика, меѓутоа резултатот не се промени.
Во вториот дел домаќините не напаѓаа премногу, меѓутоа ја имаа контролата и топката во свој посед што беше доволно да ја задржат стекната предност.
На останатите средби, Дарко Велковски остана на клупата на резеви и не доби минутажа во победата на Зрињски над Линколн од 5-0, додека Дрита каде што настапуваат Егзон Бејтулаи и Блертон Шеиј одигра 1-1 на гости кај Купс. Бејтуали ги одигра комплетните 90 минути, додека Шеиј влезе во последниот половина час.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:
Динамо Киев - Кристал палас 0-2
Јагелонија - Хамрун 1-0
Лаусане - Бреидаблик 3-0
Лех - Рапид 4-1
Ноа - Ријека 1-0
Омонја - Мајнц 0-1