
Лил ја изненади Рома среде Рим, Фенербахче подобар од Ница (ВИДЕО)
Имаше свои шанси Рома испрати дури 20 удари кон противничкиот гол, но ниту тоа не беше доволно за бодовите да останат во Рим.
Натпреварот имаше неверојатна завршница во која Рома трипати изведуваше ист пенал и трипати голманот Озер го бранеше ударот во 86. минута. (ТУКА). Лил голот за победа го постигна уште во шестата минута преку Харлардсон.
Победа забележа Фенербахче кој на свој терен беше подобар од Ница со 2-1. Турскиот гигант триумфот го обезбед во првите 25 минути кога Актуркоглу постигна два гола. Ница пред крајот на првиот дел преку Кевин постигна гол за 2-1 кој се покажа и како конечен.
На останатите средби, Болоња и Фрајбург ремизираа 1-1, Бран го доби Утрехт со 1-0, Јанг Бојс славеше кај ФЦСБ со 0-2, Бетис во Бугарија го побед Лудогоре со 0-2, Панатинаикос дома згуби од Го Хед Иглс со 1-2, а Виктор Плзен на свој терен беше сигурна проив Млме со 3-0.