Драма во Шангај: Српски тенисер излезе да се пресоблече, неговиот противник збесна (ВИДЕО)

Српскиот тенисер, Хамад Меџедовиќ нема по добро да го памети мечот против Французинот Артур Риндеркнеш во Шнагај.

Меџедовиќ поради тешките услови за игра и повреда која го мачеше го предаде мечот при водство од 1-0 во сетови и 1-0 во гемов во вториот. Од почетокот српскиот тенисер имаше проблеми со жешкото време поради што побара да оди да се пресоблече. Тоа го налуди неговиот противник.

„Му дозволуваш да прави што сака. Ќе полудам. Ти се колнам, сега мора да биде се на време. Секогаш и секоја секунда. Каде се пресоблекува? Во хотел? Дали си луд, ова е против правилата“, беснееше Французинот.

Во тие моменти Риндеркнеш дури и бараше извинување од Србинот што доведе до нивна расправија на мрежата. Во која Меџедовиќ го праша и колку години има.