Партизан ѝ покажа на Звезда како треба со Олимпија, нов пораз на „црвено-белите“

Вечерва во Евролигата се играа три натпревари во рамките од второто коло во кои Црвена Звезда запиша и втор пораз (97-88 ), додека Партизан славеше над Олимпија Милано. (80-78).

Звезда има за што да жали затоа што во добар дел од натпреварот беше во водство, но како да се распаднаа некаде кон средината на вториот дел. По првото полувреме гостите од Белград водеа со пет разлика (50-55), а во еден момент водеа и со осум поени.

На стартот од третиот период дојда црвено-белите и до предност од девет разлика (50-59), меѓутоа тука како да застанаа.

Баерн почна да се буди и да ја топи разликата, па во последиот период влезе со водство од 77-71. Тука Баерн дојде и до двоцифена предност која сигурно ја одржуваше, а Звезда не успеаваше посериозно да се закани, на крајот го претрпе и вториот пораз по стартниот од Олимпија Милано на домашен терен.

Со 31 поен Обст беше најдобриот во победничкиот состав, додека за Везда Нвора ја заврши средбата со 27 поени, пет скока и две асистенции.

Токму Олимпија Милано вечерва беше противник на Партизан кој одигра одличен натпревар во кој речиси констатно беше во водствол. Италијанците само на неколку пати во првиот период имаа предност, а четвртината ја доби Партизан со 21-19. Но, во продолжение комплетно натпреварот беше во знакот на црно-белите. Пред крајот на полувремето, Партизан дојде до двоцифрено водство на кое Олимпија успеа да се закани само во финишот, сепак веќе беше предоцна за нешто повеќе.

Шиелдс од редовите на Олимпија беше најефикасен со 21 поен и четри скока, додека кај Партизан Браун уфрли 20 поени. За Партизан ова беше прв триумф откако, на стартот од сезоната беа поразени од Дубаи.

Во преостанатиот натпревар кој се играше вечерва Реал Мадрид беше подобар од Олимпијакос со 89-77.