ФИФА одби да го суспендира Израел: Не можеме да решаваме геополитички проблеми

Светската фудбалска организација ФИФА ја одби жалбата на Палестина за суспензија на Израел од сите меѓународни натпреварувања.

Жалбата беше предадена уште во март 2024, најголем број од членките на ФИФА беа подготвени да гласаат за исфрлање на Израел, но до гласање, сепак, нема да дојде. Интересно е објаснувањето на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„ФИФА не може да решава геополитички проблеми, но може и треба да го промовира фудбалот низ целиот свет, користејќи го за обединување, образование, култура и хуманитарни вредност. Ние ќе продолжиме да повикуваме на дијалог за да ги заштитиме фудбалерите и да се најде вистински баланс меѓу клупскиот и репрезентативниот фудбал на светско ниво“, рече, меѓу другото, Инфантино.

Оваа изјава тотално се коси со она што го направи ФИФА пред 3,5 години кога ја суспендира Русија и се уште не дозволува репрезентациите и клубовите од оваа земја да се вратат во системот на натпреварување.