Половина час издржа Шкендија: Рајо во пет минути даде два гола (ВИДЕО)

Не издржа долго одбраната на Шкендија во Шпанија и Рајо по половина час има предност од 2-0.

Од првата минута домашниот состав тргна офанзивно и констатно се играше пред голот на македонскиот претставник, додека за овој период Шкендија не успеа да упати ниту еден било каков удар кон противничкиот гол.

Таквиот однос на силите донесе и два гола во мрежата на Шкендија, прво Лопез стрелаше во 27-та, а потоа и Перез во 32. минута го зголеми водството.