Готово: Канаваро има нова работа, ќе биде селектор

​Според последните информции, Фабио Канаваро постигнал договор за нов ангажман и ќе стане селектор на Узбекистан, објави италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романо.

Италијанецот се договорил околу условите за договорот, а официјалните документи би требало да бидат потпишани во наредните 48 часа.

Последниот ангажман, Канаваро го имаше во Динамо кој го презема во текот на зимската пауза, а доби отказ по само 14 натпревари во кои оствари учинок од седум победи, пет победи и две реми.

На функцијата селектор на Узбекистан ќе го наследи поранешниот предводник на македонската репрезентација, Среќко Катанец кој во јануари се повлече поради здравствени проблеми. Инаку, оваа репрезентација веќе обезбеди место на Светското првенство во 2026 година.

Фото: GNK Dinamo