
На Пелистер му било судено да оди во Словачка
Изгледа судено било Пелистер да патува во Словачка, но кај тимот на Приевидза кој не е на нивото на Левице, но синоќа на среќа доби место во главната фаза. Во квалификациите ја победи Цибона со 101-94 по продолжение што не беше доволно за пласман во групите затоа што загрепскиот тим славеше на првиот меч со 91-83. Словаците, сепак, одат понатаму затоа што претходно беше одредено дека местото на Левице ќе го пополни „среќен губитник“, па коцките се поклопија со тоа што станува збор за друг словачки клуб. Приевидза ќе биде третиот ривал на Пелистер, покрај Цедевита Јуниор од Хрватска и Керавнос од Кипар. Словаците ќе бидат гости на Пелистер во првиот натпревар во Битола, на 22 октомври откако во првиот круг нашиот претставник ќе гостува кај Цедевита Јуниор.
Приевидза минатата сезона го освои четвртото место во основниот дел од сезоната од домашното првенство, а потоа беше елиминиран во четвртфиналето од плејофот од Нитра.