Моментот кога Чкембари со факел гаѓаа кон обичната публика (ФОТО+ВИДЕО)

Вардар и Пелистер понудија возбудлив ракомет од самиот почеток, но навивачката група Чкембари веднаш по влегувањето на трибините предизвика скандал и го упропасти дербито во СЦ „Јане Сандански“.

Чкембари со факел гаѓаа кон обичната публика на трибините, а тоа ги зовре страстите на трибините по што „Комити“ сакаа да влезат во теренот, но брзата реакција на полицијата спречи поголем хаос во Скопје.