Даниела Алексовска утре ќе се бори во полуфиналето на СП

Даниела Алексовска која оваа година во февруари освои злато на Европското првенство оваа година, утре ќе се бори во полуфиналето на ММА Светското првенство кое се одржува во Грузија.

Алексовска ќе се соочи со противничката од Азербејџан, Нармин Алиева, а терминот на борбата е девет часот по македонско време.

Во борбата Алексовска влегува по само 15 дена од претходната кога во Скопје во настанот на Армада славеше против Романката Лаида Флочеа.

Утрешната борба ќе биде пренесувана и во живо на каналот „Арена Фајт“.