
Невиден хаос во Сао Паоло: Вандерлеј Силва нокаутиран во тепачка по завршувањето на борбата (ВИДЕО)
Иако имаше предност од 23 килограми, разликата во искуството и техничката изведба беше далеку на страната на противникот. Силва се обидуваше со притисок и сила, додека Фреитас го казнуваше со прецизни удари.
Силва беше потресен во првата рунда, а во втората повторно доби уште неколку удари. Во третата рунда работите излегоа од контрола. Силва се нафрли врз Фреитас и го турна на подот, но судијата не го призна нокаутот. Имаше неколку удари до крајот на рундата и по ѕвончето. Четвртата рунда беше и последна. Силва два пати го удри својот ривал со главата и му беа одземени поените, а потоа доби силно лево кроше. По уште еден прекршок, судијата му го одзеде третиот поен и го дисквалификува.
Тоа предизвика хаос бидејќи веднаш потоа членовите на двата тима влегоа во рингот и почнаа масовна тепачка. На Силва му се придружија Фабрицио Вердум и Андре Дида, додека персоналот на Фреитас го бранеше својот агол. Притоа Силва беше нокаутиран за време на туркањето од член на тимот на Фреитас. Место дебито во боксот да биде обележано со успех, првото појавување на Вандерлеј Силва во рингот ќе остане запамтено како една од најконтроверзните и најнеуспешни епизоди во неговата кариера.