
Рајковиќ по триумфот против Фенербахче: Оваа атмосфера заслужи ваков перформанс
Неговиот тим дојде до победата со кош во последната секунда, со истекот на времето. Рајковиќ беше воодушевен, прво бурно го прослави големиот триумф, а потоа даде интересна прва изјава.
„Оваа атмосфера заслужи ваков перформанс, им благодарам за поддршката на навивачите, а на играчите за борбата до самиот крај. Фенербахче е многу силен тим, но и ние одигравме фантастичен натпревар и среќен сум што со ваква игра успеавме да победиме“, рече Рајковиќ.
Во второто коло Тофаш го очекува гостување кај Галатасарај, а веднаш потоа стартува Лигата на шампионите во која тимот од Бурса е во група со Трапани, Тенерифе и Бнеи Херцлија.