
Првпат во 21. век - Јунајтед, Челси и Ливерпул загубија во ист ден
Лидерот Ливерпул, потоа Челси и Манчестер Јунајтед, сите поранешни европски шампиони доживеаја порази и такво нешто се случува првпат во 21. век. Последниот таков случај датира од 16 април 1994 година кога се играло 38. коло од таа сезона во Премиер лигата, а во која учествувале 22 екипи.
Тој ден Челси загубил на гости кај Арсенал со 0-1, Манчестер Јунајтед со истиот резултат бил поразен кај Вимблдон, а Ливерпул пред своите навивачи е совладан од Њукасл со 0-2.