Симеоне во солзи по победата против Реал: Овие момци знаеја што треба да направат!

Атлетико Мадрид во градското дерби против Реал Мадрид славеше со 5-2 во седмото коло од шпанската Ла Лига, а тренерот Диего Симеоне се расплака по триумфот.

Симеоне беше презадоволен од играта на неговиот тим, посебно во второто полувреме кога со пресврт им пресуди на „кралевите“.

„Од почетокот до крајот овие момци знаеја што треба да направат. Се обидуваме да напредуваме. Нашите навивачи се неверојатни. Нивната кореографија и навивање им дава мотивација и самодоверба на фудбалерите“, кажа Симеоне.

Standings provided by Sofascore