
Лоран Блан настрада - Ал Итихад го смени тренерот со кого освои двојна круна
Блан беше тренер нешто повеќе од една година, минатата сезона ја освои двојната круна во Саудиска Арабија, но оваа почна лошо, со пораз во Суперкупот и сега во првото големо дерби во првенството. Екипата на Ал Итихад е преполна со ѕвезди, таму играат Бензема, Ауар, Диаби, Бергвајн, Данило, Фабињо... поради што се очекуваше повторување на минатосезонскиот успех.
Додека не се најде пермантнено решение, Ал Итихад ќе го води двоецот Хасан Калифа-Иван Караско.