
Хамилтон ги откажа сите обврски во Ферари - поради неговото куче! (ФОТО)
Како што ообјави Хамилтон, Роско во овој момент е во кома откако срцето му запрело по итна ветринарска интервенција.
„„Ве молам, мислете на Роско. Роско повторно доби воспаление на белите дробови и тешко дишеше. Беше примен во болница каде што му дадоа седативи за да се смири додека му правеа прегледи. За време на тој процес, неговото срце запре. Ветеринарите успеаа повторно да му го вратат отчукувањето на срцето, но сега е во кома. Не знаеме дали ќе се разбуди. Утре ќе се обидеме да го разбудиме. Со него сум, и сакам да ви се заблагодарам на сите за молитвите и поддршката“, напиша Хамилтон покрај фотографиите на кои е заедно со кучето.
Поради овој случај Хамилтон го откажа тестирањето на гумите за Ферари на патеката Муџело во Италија и него го замени резервниот возач Жо Гуанји. Инаку, кучето на Хамилтон кое и претходно оваа година имаше проблем со белите дробови има 12 години.