
Фудбалер на Јунајтед ќе го пропушти гостувањето во Брентфод поради семејна трагедија
Диало воопшто не патувал на гостувањето и останал во Манчестер, а неговото отсуство го потврди тренерот Аморим на прес-конференцијата пред натпреварот.
„Амад нема да биде со нас бидејќи некој од неговото семејство почина. Му ја пружаме целата поддршка и го очекуваме да се врати кога ќе биде во можност“, изјави Аморим.
Покрај Диало за овој натпревар тренерот Аморим нема да може да смета и на повредените Мазрауи и Мартинез, додека Касемиро е суспендиран поради исклучувањето против Челси во минатото коло.
Против Брентфорд Манчестер јунајтед игра утре во терминот од 13:30 часот.
Фото: Manchester United/X