Обамејанг и Муриљо го срушија Стразбур, Марсеј врза две победи! (ВИДЕО)

Екипата на Марсеј по победата над ПСЖ во минатото коло успеа да врзе две победи во Лига 1 откако вечерва со пресврт славеа над Стразбур (2-1).

Стразур одлично ја започна сезоната, а во таков ритам тргна и вечерва против Марсеј. Мрежата на гостите се затресе во 17-тата минута, но тој гол на Емења беше поништен поради недозволена позиција. Така на одмор се замина со почетниот резултат.

По само четири минути игра во второто полувреме Стразбур дојде до водство со голот на Куатара. Тоа водство на домашниот состав беше актуелно се до 78. минута кога Обамејанг погоди за израмнување. Не застанаа тука гостите продолжија да напаѓаат, а тоа им се исплатеше во судиското продолжение кога Муриљо постигна гол за 1-2 и три бода за Марсеј.

Марсеј сега дојде до 12 бода и барем до утрешните натпревари ќе биде лидер на табелата во Лига 1. 

Фото: Olympique de Marseille