Кејн игра во страшна форма: Сруши рекорд на Роналдо и Халанд!

Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва славеа победа над Вердер со 4-0 во рамките од Бундеслигата, а овој натпревар посебно ќе го памети Хари Кејн.

Кејн во вечерашниот триумф беше стрелец на два гола со кои веќе дојде до бројката од 15 голови во сите натпреварувања оваа сезона.

Исто така Кејн со овие два гола стана фудбалерот кој најбрзо стигнал до бројката од 100 гола за некој европски клуб.

За 100 гола во дресот на Баерн на Кејн му беа потребни 104 натпревари со што ги прескокна Роналдо и Халанд кои до оваа бројка дојдоа со по 105 натпревари, а зад нив следат Суарез во Барселона со 120 и Ибрахимовиќ со 124 натпревари за ПСЖ.

Фото: FC Bayern München