Ниту Вердер не беше закана: Баерн остана перфектен! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн и по пет кола во Бундеслигата останаа перфектни откако денеска со 4-0 го совладааа Вердер.

Доминираа домаќините од самиот старт на натпреварот и на крајот сосема заслуженно дојдоа до трите бода. Резултатот беше отворен по 22 минути кога летното засилување од Ливерпул, Луис Дијаз ја погоди мрежата .

За нов гол се чекаше до завршницата од првиот дел кога избраниците на Компани добија пенал, а најстрогата казна во гол ја претвори Хари Кејн.

Во второто полувреме Баерн продолжи да биде подобар противник, а Кејн и по вторпат се запиша во листата на стрелци за 3-0. Во финишот гол постигна и Конрад Лајмер кој со својот прв погодок оваа сезона го постави конечниот резултат.

Баерн по пет одиграни натпревари на врвот на табелата има 15 бода со импресивна гол-разлика од 22-4.

Фото: FC Bayern München