Партизан потпиша со „крвникот“ на Србија од ЕП во Рига!

Српскиот кошаркарски гигант Партизан ангажира големо засилување, а станува збор за талентираниот 18-годишен Мика Муринен кој блесна на Европското првенство (ЕП), а посебно импресивен беше против Србија.

Медиумите пред неколку дена почнаа да го поврзуваат Муринен со „црно-белите“ од Белград, а денеска претседателот на Партизан го потврди трансферот.

Партизан доби уште еден талентиран кошаркар на кого му се предвидува голема кариера, како и настап во НБА-лигата во иднина.

Муринен заедно со Финска успеа да го освои четвртото место на ЕП во Рига.

Фото: КК Партизан