Катастрофа за Барселона: Флик остана без првиот голман за дербито со ПСЖ

Актуелниот шпански шампион Барселона денеска доби две лоши вести, откако претходно беше соопштено дека Рафиња ќе паузира три недели и ќе го пропушти дербито со ПСЖ во Лигата на шампионите (ЛШ), а сега пристигна вест дека и Жоан Гарсија е во аут.

Првиот голман на каталонската екипа доживеал повреда на денешниот тренинг на Барселона, поради што ќе мора да паузира одреден период, но сигурно ќе го пропушти дербито во ЛШ против ПСЖ.

На натпреварот се очекува да брани полскиот ветеран Војчех Шчесни, а дополнителните медицински прегледи треба да утврдат колку ќе паузира Гарсија.

Фото: Barcelona FC