Капинковски повика 19 фудбалери за контролните натпревари против Словачка

Македонската репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни меча против Словачка во период од 30 септември до 2 октомври.

Селекторот Димитар Капиновски за претстојните два натпревари на Македонија повика 19 фудбалери.

Мартин Ѓоргиев, Габриел Талески, Иван Танчев, Александар Трајков, Матеј Сејменов, Андреј Димовски, Бојан Велков (Брера), Иво Марковски, Стефан Стаматовски (Вардар), Дарко Јовчев (Македонија ЃП), Фљори Иљази (Шкендија), Стефан Секирски (Беласица), Албан Рочи (Струга ТЛ), Флорен Османи (Арсими), Мухамед Мустафи (Сент Гален, Швајцарија), Славчо Мисајловски  (Тетекс), Дамјан Буцевски (ИМТ, Србија), Ридван Мемедовски (Скопје), Христијан Марковски (Работнички).