Екс-фудбалер на Милан и Барса поминува низ пекол: Се моли да не остане инвалид!

Поранешниот репрезентативец на Шпанија и екс-фудбалер на Милан и Барселона, Жерар Делофеу се соочуваа со најтешкиот предизвик во животот кој може да го остави со траен инвалидитет.

Последниот натпревар Делофеу го одигра во 2023 година и веќе речиси три години се бори со тешка повреда на коленото. Шпанецот на почетокот на оваа година го раскина договорот со Удинезе и имаше операција поради која не можеше да се врати на терените.

„Тоа е многу повеќе од поведа, чекор од траен инвалидитет. Како да имам протеза во коленото. Неможам да направам чекор бидејќи една коска удира во друга и навистина е сериозно. Се борам против биологијата, но и против својата глава. Се борам веќе две ипол години. Имав среќа што мојот тим, мојот претседател и колегите од Удинезе ми беа поддршка цело време“, изјави Шпанецот.

Верува дека не ја завршил кариерата и сака да се врати на терените.

„Ќе биде тешко, но сакам да испишам историја. Мислам дека можам да станам фудбалерот кој се вратил на терените по најголемо отсуство. Тоа за мене би било нешто големо. Се молам за чудо и сакам да работам за своето семејство и децата“, порача Делофеу.

Фото: AC Milan