
Трагедијата со екс-фудбалерот на Арсенал ја крена Англија на нозе, ќе се проверуваат стадионите
Вигар кој имаше 21 гоина настрада во натпреварот за својот Чичестер сити кога на гостувањето кај Вингејт доживеал тежок пад и си ја удрил главата во бетонски ѕид покрај теренот.
Поради тоа од сојузот нагласиле дека ќе спроведат итна истрага за безбедноста на стадионите шрум земјата.
„Иако здравјето и безбедноста на учесниците и гледачите во рамките на националниот лигашки систем всушност се одговорност на клубовите и нивните локални власти, сега ќе спроведеме итна ревизија, работејќи со лигите, клубовите и релевантните засегнати страни. Ревизијата ќе биде фокусирана на безбедноста на заштитните ѕидови и огради околу терените“, се наведува во соопштението.
Вигар на академијата на Арсенал се придружи како 14-годшник, а ги напушти „топџиите“ во 2024 година забележувајќи еден настап во Лига Купот.
Фото: Arsenal FC/X