Објавени поените: Јамал немал никакви шанси против Дембеле! (ФОТО)

Французинот Осман Дембеле неодамна ја освои својата прва „Златна топка“ во кариерата до која стигна сосема заслужено бидејќи одигра фантастична сезона во дресот на ПСЖ.

Токму затоа Дембеле убедливо го победил неговиот главен конкурент, Ламин Јамал и во гласањето собрал  1.380 поени, додека фудбалерот на Барселона имал дури 321 помалку, односно 1.059.

На третото место заврши соиграчот на Дембеле од ПСЖ, Витиња со 703 поени, а во топ 5 се уште Салах со 657 и Рафиња со 620.

Фото: Ballon d'Or