Икарди е голем мајстор: Стрела и со пета (ВИДЕО)

Eкипата на Галатасарај по првите 45 минути има предност против Аланијаспор, а стрелец на голот беше Мауро Икарди.

Аргентинецот уште еднаш покажа дека е одличен голгетер и противничката мрежа ја затресе со пета. Треба да се истакне и одличниот дриблинг на неговиот соиграч Синго кој му асистираше.

По шест одиграни натпревари Галатасарај е на врвот на турското првенство со максимални шест победи.