
Пелистер постигна 45 гола и со лесна победа се загреа за дербито во Скопје
Од самиот почеток фаворитот ја имаше контролата над натпреварот, сепак Струга колку-толку успеваше да се држи во првиот дел и на пауза заминаа со негатива од четири гола (20-16).
Сепак, во вториот дел целосно се распаднаа постигнаа само осум гола, а примија уште 25. Најефикасни со по осум гола беа Рудолф Хакбарт и Петар Атанассијевиќ, додека на спротивната страна Наум Костов ја заврши средбата со седум гола.
За Струга ова беше четврти пораз во исто толку натпревари, додека Пелистер покрај трите победи има и едно реми со Алкалоид.
Сега за актуелниот шампион следи далеку посериозен предизвик бидејќи на 1 октомври ќе гостуваат на Вардар во дербито од петтото коло во Суперлигата.