Големата надеж на Ливерпул потпиша нов договор, ќе заработува 60.000 евра неделно!

Младиот и талентиран фудбалер на Ливерпул, Рио Нгумоа потпиша нов договор со актуелниот англиски шампион до 2028 година.

Младиот фудбалер си обезбеди нов договор откако оваа сезона воодушеви со неговите настапи за првиот тим на Ливерпул, па според новата соработка ќе заработува 60.000 евра неделно.

Оваа сума е максимален износ дозволен за професионалци во првата година во Ливерпул, со тоа што постои можност за дополнителна заработка преку бонуси.

Момчето си обезбеди речиси четири пати повисока плата, зашто досега заработуваше „само“ 16.500 евра неделно.

Фото: FC Liverpool