Хакими се брани од обвинувањата за силување: Не сум таков човек, сè е лага!

Мароканскиот фудбалер и десниот бек на ПСЖ, Ашраф Хакими за првпат зборуваше за обвинувањата за силување кои постојат против него уште од 2023 година.

Хакими во интервју за „Канал+“ кажа дека сè е лага и никогаш не ги направил делата за тоа што го обвинуваат.

„Знам дека сите обвинувања се лага. Знам кој сум, никогаш не би направил такво нешто. Секогаш сум достапен за полицијата, ги молев да разговарам со нив. Ми земаа и ДНК-примерок. За разлика од лицето кое ме обвини, јас секогаш бев на располагање“, кажа Хакими.