
Бетис го истрола Винисиус откако Бразилецот заврши на 16. место (ФОТО)
Веројатно никој не очекуваше тој да биде во најтесниот круг на фаворити, но не и дека ќе биде толку далеку од врвот, имајќи предвид дека се уште е една од главните ѕвезди во Реал. Сепак, поради неговиот карактер и однесување, никој не е претерано разочаран од неговиот пласман, а има и такви кои му фатија сеир. Пред се, тоа е Фудбалскиот клуб Бетис кој на својот профил на Твитер потсети на изјавата на Винисиус од лани кога извиси во борбата за Златната топка.
„Ќе го направам тоа 10 пати ако треба. Не се подготвени“, напиша тогаш Винисиус, најавувајќи нов атак на најголемото индивидуално признание од кој засега нема апсолутно ништо.
Љубителите на фудбалот во Шпанија го осудија ваквото однесување на Бетис бидејќи се работи за официјален профил, но твитот се уште стои.