
Легенда на Валенсија жестоко го нападна тренерот поради - нашиот Димитриевски!
Тој смета дека на нашиот чувар на мрежата му е направена голема неправда.
„Јасно е дека тренерот не го сака Димитриевски во составот. Тоа е неговата желба“, изјави Кањизарес.
Славниот член на „лилјаците“ потсети дека македонскиот голман пристигнал во клубот без обештетување, со идеја да биде замена на Мамардашвили една сезона и потоа да се избори за место меѓу стативите.
„Сега не сметаат на него и тоа е во ред. Но ако си го довел бесплатно, најмалку што можеш да направиш е да му дозволиш да си замине. Не игра, не се смета на него и тоа е фер однос“, додаде поранешниот голман на Валенсија.
Кањизарес смета дека причината зошто Димитриевски не си заминал е во тоа што не добил понуда која би го изедначила неговиот сегашен договор.
„Пазарот на голмани е тежок, платите се намалуваат и освен елитата, сите заработуваат помалку. Но ситуацијата е јасна – ако не сметаш на играч кој дошол бесплатно, пушти го да си замине“, порача Шпанецот.
Димитриевски ова лето беше поврзуван со заминување од „Месталја“, но на крајот остана и сега ја има улогата на втор избор зад Жулен Агвирезабала.