
Дембеле влезе во одбрано друштво - со Меси, Роналдињо, Зидан...
Крилниот играч на ПСЖ стана само петти Французин со оваа награда, по Платини, Папен, Зидан и Бензема, но покрај тоа, влезе во уште едно одбрано друштво. Бензема сега е само десетти фудбалер во историјата кој успеал да освои трофеи на Светско првенство, Лига на шампиони и да дојде до Златната топка.
Покрај него, таков подвиг имаат само уште: Лионел Меси, Роналдињо, Кака, Ривалдо, Зинедин Зидан, Боби Чарлтон, Паоло Роси, Герд Милер и Франц Бекенбауер.