
Чави уште во 2023 година знаеше дека Дембеле може да биде најдобар во светот
Позната е епизодата од 2023 година кога сите навивачи се свртеа против Дембеле затоа што тој не сакаше да го продолжи договорот со Барса и тоа во период кога уште се мачеше со повреди и не можеше да го извади најдоброто од себе. Фановите го исвиркуваа на секој натпревар, но Чави беше тој што тогаш застана во негова одбрана и им порача дека не треба да го прават тоа бидејќи Дембеле дава се од себе. Уште повеќе, тој и тогаш прогнозираше дека францускиот крилен играч може да биде најдобар во светот.
„Ако мене ме прашате, Дембеле може да биде најдобар игра на планетата. Меѓутоа, треба да се работи со него и да се бара многу повеќе. На крајот, се зависи од него, неговиот менталитет и тоа дали ќе успее да ги избегне повредите“, зборуваше тогаш Чави.
Неколку месеци подоцна Дембеле се пресели во ПСЖ и очигледно го направи вистинскиот потег и покрај тоа што многумина во тој период со скепса гледаа на неговиот трансфер. Со ПСЖ ги оствари најголемите успеси на клупски план, а синоќа ја освои Златната топка, пред многу негови сонародници кои ја очекуваа, како Килијан Мбапе и Антоан Гризман.
фото. EPA photo