
Матеус го украде шоуто во Париз – се појави со 38 години помлада секс-бомба (ФОТО)
Разликата од дури 38 години уште еднаш го отвори прашањето за контроверзниот љубовниот живот на еден од најпознатите европски фудбалери. Матеус гордо позираше со младата партнерка пред фоторепортерите, а нивното присуство не помина незабележано. Сомер е родена во 1999 година, речиси цела деценија по големиот триумф на Германецот кога ја освои „Златната топка“ во 1990 година.
Петкратниот разведен фудбалски ас зад себе има бурен приватен живот. Последниот брак со Анастасија, мајка на неговиот син Милан, траеше од 2014 до 2021 година, а претходно беше во брак и со швајцарската убавица Лолита Морена, Србинката Маријана Костиќ и Украинката Лилијана Чудинова. Единствениот подолг брак му беше со првата сопруга Силвија (1981–1992), со која има две ќерки.