
Победа остана и без тренер!
Кризата на Победа е голема и не се гледа светло на крајот од тунелот, младиот 33-годишен тренер Стојанче Дунимаглоски неможејќи да го издржи притисокот реши да замине од тренерското столче на прилепскиот клуб.
Дунимаглоски од октомври 2024 година беше тренер на Победа, сега клубот ќе треба да побара друг херој кој ќе се нафати да ги води во оваа тешка ситуација.
Целта на Победа е да избори опстанок оваа сезона, но клубот има финансиски проблеми поради кои доцна беше создаден тим, доцна беа почнати подготовките за сезоната, има долгови, нема приливи, прилепчани не функционираат нормално.
По пет одиграни кола Победа има четири порази и едно реми. Два од поразите се катастрофални, 8-1 од Скопје и 5-0 од Преспа.