Мурињо: Немав контакт со Бенфика додека бев тренер на Фенербахче!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо објасни дека контакт со португалскиот клуб имал дури откако тие загубиле од Карабах во Лигата на шампионите.

Многумина од навивачите на Фенербахче веруваат дека Мурињо намерно ја одбрал Бенфика која го елиминираше турскиот клуб иако Португалецот не е тој кој сам замина оттаму, туку му дадоа отказ.

Мурињо сега објаснува дека немал никаков контакт со Бенфика додека бил тренер на Фенербахче.

„Немаше никаков контакт меѓу мене и Бенфика додека бев во Фенербахче. Кога Бенфика загуби три бода против Карабах, јас бев во Барселона со мојата сопруга и следниот ден, претседателот Руи Коста ми се јави“, открива Мурињо.

„Тој ме праша културно „Г-дине дали воопшто вреди да зборуваме?“. Одлуката била донесена, јас не ни знаев дека одлуката веќе била донесена. Му реков дека може да зборуваме. Ме праша кога доаѓам во Португалија, му реков до крајот на денот“.