Македонија во Ријад ќе води битка за Светско првенство во е-фудбал!

Македонската фудбалка репрезентација во е-фудбал ќе биде учесник во квалификациите за Светското првенство, а познати се и ривалите на нашите претставници во битката за Мундијал.

Македонија во европските квалификации е сместена во групата „Б“  каде што уште се: Португалија, Холандија, Грузија, Швјцарија, Босна и Херцеговина и Кипар.

Квалификациските натпревари ќе бидат одиграни од 25-28 во септември и тоа во Ријад, а пресметките се закажани за терминот од 19:00 часот.