
Пораз за Елмас и Наполи во Манчестер: Халанд и Доку ги израдуваа „граѓаните“ (ВИДЕО)
Наполи се надеваше на позитивен резултат кај поранешниот англиски и европски шампион, но проблемите се појавија во 21. минута кога Ди Лоренцо со лизгачки старт го запре Ерлинг Халанд на пат кон голот на гостите, по што судијата му покажа директен црвен картон.
„Жртва“ по црвениот картон на Ди Лоренцо стана Кевин Де Брујне, кој мораше да ја напушти играта поради тактичка замена на тренерот Антонио Конте.
Екипата од Неапол успеа да издржи до крајот на првиот дел и да не прими гол, но избраниците на Пеп Гвардиола тргнаа фуриозно во вторите 45 минути, па набрзо преку Ерлинг Халанд и Жереми Доку стрелаа за водство од 2-0.
Конте направи неколку измени во финишот, односно му даде шанса и на Елмас да ги одигра последните 20 минути од натпреварот, меѓутоа до крајот не се промени ништо и „граѓаните“ славеа со 2-0.
Фото: Facebook/SSC Napoli