Бизарно: Ѕвездите на Монако се соблекоа по гаќи поради - дефект на авионот (ФОТО)

Фудбалерите на Монако доживеаја несекојдневна ситуација при патувањето кон Белгија на првиот натпревар од Лигата на шампионите против Клуб Бриж. Летот беше принудно откажан поради дефект на клима-уредот во авионот, што предизвика вистински хаос во кабината.

Температурата во авионот достигнале неподносливо ниво, а играчите биле приморани да ја соблечат гардеробата и да останат само во долна облека.

Откако летот бил откажан, фудбалерите беа фотографирани како излегуваат полуголи на пистата, додека тренерот Ади Хутер потврди дека тимот ќе остане во Монако и кон Бриж ќе патува следниот ден.

„Безбедноста е приоритет, затоа решивме да не ризикуваме“, изјави стратегот на францускиот тим.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FootballJOE (@footballjoe)