
Надежите на Работнички со полна мрежа се враќаат од Ирска - тежок пораз од Шелбурн!
Младите фудбалери на Работнички примија пет голови во Република Ирска, па се чини дека реваншот против Шелбурн во Скопје кој се игра на 1 октомври ќе биде само формалност.
Шелбурн водеше 1-0 по првото полувреме, во последните 20 минути даде уште четири голови и дојде до убедлив триумф од 5-0.
Ова е четвртфинале од квалификациите, победникот од двомечот ќе игра со Жилина.