
Какво деби на Пафос, со играч помалку го издржа пеколот во Пиреја и освои бод во ЛШ!
Пафос имаше импресивни квалификации, а така продолжи и во лигашкиот дел од Лигата на шампионите во која влезе како дебитант.
Кипарскиот тим беше подобар до 26. минута кога Бруно заработи втор жолт картон и Пафос остана со фудбалер помалку.
Оттогаш Олимпијакос ја презеде иницијативата, но Пафос продолжи да биде опасен од контра-напади.
Фудбалерите на Пафос го оставија срцето на терен, храбро се бореа до крајот на мечот и издржаа да не примат гол. Голем бод од гостински терен со играч помалку.
Голови имаше на дуелот меѓу Славија Прага и Бодо/Глимт, мечот заврши нерешено 2-2.
Мбоџи во 23. минута донесе водство за Славија Прага, со 1-0 заврши првото полувреме.
Во 54. минута Хог не реализираше пенал за израмнување, голманот на Славија го одбрани неговиот удар.
Течеше 74. минута Мбоџи даде уште еден гол, донесе водство од 2-0 за Славија Прага, но Бодо/Глимт не се откажа.
Четири минути подоцна Баси намали на 2-1, а во 90. минута Фет погоди за конечни 2-2.